реорганизира (св. и несв.)
Меѓутоа, кога неговите настојувања останале без некој повидлив резултат, пролетта 1941 година тој изнел предлог традиционалните разузнавачки оддели при Владата и при војската да се реорганизираат така што да одговорат на предизвиците на нацијата и да се напушти практиката претседателот да интервенира во нивните меѓусебни недоразбирања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Затоа вториот султан на Империјата Орхан ќе ги реорганизира постојните воени пешадиски единици и во 1334 ќе ги создаде јаничарите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во XV век неговите ученици ќе го реорганизираат братството во верски ред и секој млад јаничар ќе биде воведен во ритуалите на овој ред на Бекташите од навидум муслиманска припадност, но кој се сметал за турскосунитски ерес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)